Skip to main content

Во основа, климатските промени се прашање на детските права

Младите во Северна Македонија се околу една петина од вкупното население. Нивната бројка е околу 370,000 момчиња и девојки на возраст од 10 до 24 години. Оваа програма има за цел да ја намали ранливоста на заедниците во однос на климатските промени и деградацијата на животната средина така што ќе им овозможи на децата и младите да бидат двигатели на промените. Освен тоа, програмата ги поставува темелите за кохезивно и сеопфатно образование за животна средина и климатски промени во земјата.

Децата се 30% од вкупното население во светот и се најбројната група луѓе погодена од климатските промени и деградацијата на животната средина. Децата се поподложни на негативните состојби во животната средина и се почувствителни на штетните влијанија врз нивните животи, како сега така и во иднина. Климатските промени и деградацијата на животната средина ги нарушуваат најосновните права на децата ширум светот, ставајќи ги во опасност нивниот живот и добросостојба.

Најнови вести

News

Младинска декларација за климатските промени

Младите бараат носителите на одлуки да преземат конкретни мерки за климатските промени Климатските промени се една од најголемите закани со која се соочуваат децата и…
News

На Младинскиот самит за климатски промени се усвои Младинска декларација за климатски промени

СКОПЈЕ, 21 октомври 2021 – На Младинскиот самит за климатски промени што се одржа вчера во Скопје под водство на младите се усвои Младинска декларација за…
News

Имплементацијата – најсериозна забелешка за секторот животна средина и клима во извештајот на ЕУ

Најновиот извештај на ЕУ за земјата сериозно забележува за недостигот на имплементација на новата и постоечка регулатива во поглавјето 27 – животна средина и клима.…
UNICEF/UN0372373/Ocon/AFP-Services A girl protects herself from the heavy rains by wearing a raincoat as she returns home from a shelter after the passage of Hurricane Iota in Nicaragua, in Bilwi, on November 16, 2020.
News
1 милијарда деца се во „екстремно висок ризик“ од влијанијата на климатската криза – УНИЦЕФ
News
Младински самит за климатски промени во Скопје – на патот до Милано, Глазгов и понатаму..
News
Прикажување на „I am Greta“ документарниот филм за првпат во земјата
News
УНИЦЕФ со поддршка за ЕКО програмата на CINEDAYS за подигање на свеста за влијанието на климатските промени врз децата
News
Младите иноватори добија средства за да ги претворат еко-решенијата во реалност
Image credit: UNICEF.ORG
News
ФИТР и УНИЦЕФ го обновуваат партнерството за поддршка на младите при работа на иновативни еко-решенија

Приклучи се на нашата заедница и изрази заложба!

Со ставање на својот потпис на оваа заложба, јас се залагам за климатска акција и за поддршка на интеграцијата на образованието за животна средина и климатски промени во образовниот систем. Исто така, се заложувам дека ќе:

  • УЧАМ повеќе за климатските промени и ќе бидам поангажиран во ова поле,
  • Преземам АКЦИЈА за заштита на животната средина и намалување на емисиите на стакленички гасови,
  • СПОДЕЛАМ и со другите и ќе ги охрабрувам да научат повеќе за темата, да преземат климатска акција и да ја потпишат заложбата.

СО ВАШАТА ЗАЛОЖБА, ВИЕ:

Станувате дел од една заедница која им овозможува на младите да дејствуваат како двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедницата во однос на климатските промени и деградацијата на животната средина.

Ќе дадете поддршка на интеграцијата на образованието за климатски промени и животна средина во македонскиот образовен систем;
Ќе бидете постојано информирани и поврзани со организациите што обезбедуваат можности за личен и професионален развој во полето на животната средина и климатските промени.