За прогамата
Северна Македонија неретко подлежи на климатски и еколошки катастрофи како што се поплави предизвикани од поројни дождови, лизгање на земјиштето, шумски пожари, екстремни температури, суши, бури и земјотреси. Предвидувањата се дека како што продолжува трендот на покачување на температурите, така екстремните настани сè повеќе ќе добиваат на интензитет.
Освен опасностите поврзани со климата, загадувањето на воздухот во Северна Македонија достигнува опасно високи нивоа, загрозувајќи го здравјето на луѓето низ целата држава. Главниот град Скопје е меѓу најзагадените градови во Европа, заедно со уште неколку други градови во државата, особено наесен и во зимските месеци.
Загадувањето на воздухот негативно влијае врз здравјето и развојот на децата. Аерозагадувањето претставува многу сериозна и растечка закана по здравјето на луѓето од сите возрасти. Постојат три главни причини зошто истото е особено штетно по здравјето и развојот на децата:
- Децата дишат побрзо од возрасните. Возрасен човек обично вдишува и издишува воздух помеѓу 12 и 18 пати во минута. Таа бројка кај тригодишно дете е од 20 до 30, а кај новороденче од 30 до Ова значи дека малите деца дишат 2-3 пати повеќе од возрасните во еден таков амбиент со загаден воздух.
- Белите дробови и другите органи кај децата се во фаза на развој. Тоа ги прави особено ранливи на оштетувања. Последиците може да бидат моментални (астма) и долгорочни – дури до степен на доживотно намалување на волуменот на нивните бели дробови.
- Мозокот на едно дете сè уште не е целосно оформен. Загадувачите на воздухот можат да преминат од белите дробови во крвотокот, а потоа и од крвотокот во мозокот. Таму тие може да предизвикаат воспаление на мозочните клетки, оштетувајќи ги истите, и негативно да влијаат врз когнитивниот и интелектуалниот развој на детето.
Финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА), Програмата претставува меѓусекторски потфат во кој учествуваат сите релевантни институции и чија цел е унапредување на образованието на идните генерации во областите животна средина и климатски промени.
Програмата ја сочинуваат два столба.

Прв столб
Првиот столб од Програмата опфаќа воспоставување подлога за релевантно и конзистентно образование за животна средина и климатски промени и зајакнување на системот и на услугите што им се нудат на учениците, родителите и наставниците за подобрување на нивните знаења и вештини за решавање проблеми и еколошка одржливост.
01. Анализи и мапирање
Ќе се анализира релевантноста и кохерентноста на образованието за животна средина и климатски промени. Првиот дел од анализата ќе се потруди да обезбеди детален увид во политиките, процедурите и протоколите кои постојат и се спроведуваат во државата. Во фокусот на вториот дел од анализата е идентификувањето практики кои постојат на ниво на училиште, меѓу другото и во однос на достапноста на научна опрема и знаење за искуствено учење, како и утврдување кои стратегии постојат за мобилизирање на овие ресурси.
02. Политики и водечки документи
Наодите и препораките од анализата на образовните политики ќе обезбедат материјал за зајакнување на водечките документи кои допрва ќе треба да се изготват или ревидираат. Програмата ќе се погрижи политиките и водечките документи за образование во раното детство и за основно и средно образование да содржат современи и научно докажани пристапи во областа на образованието за животна средина и климатски промени.
03. Заедници за стручно усовршување на наставниците
Ќе се обезбеди квалитетна и одржлива обука и стручно усовршување на наставниците во областа на образованието за животна средина и климатски промени преку создавање заедници за нивно стручно усовршување. Ќе се изготват и соодветно прилагодат мноштво ресурси за онлајн настава и учење со цел наставниците да добијат пристап до разновидни можности за квалитетно, персонализирано и релевантно учење во рамките на едно дигитално опкружување, при што ќе се негува соработка и споделена пракса.
04. Јавна свест
Со помош на комуникациски алатки ќе се работи на создавање побарувачка кај јавноста за образование за климатски промени и ставови кои водат кон заштита на животната средина, ублажување на последиците од климатските промени и адаптација. Изготвени заедно со и за младите луѓе, ќе бидат реализирани стратешките интервенции за комуникација со цел да се инспирира климатска акција кај пошироката јавност, со акцент на младите луѓе.прилагодување на климатските промени
Втор столб
Вториот столб ќе им обезбеди на децата – малите момчиња и девојчиња – современо знаење и вештини, и ќе ги зајакне така што да можат активно да придонесуваат за што посилен одговор од заедницата на проблемите со животната средина и климатските промени.
01. Активности засновани на игра
Играта има важна улога во учењето на децата и придонесува за интелектуална, емоционална и социјална добросостојба. Конструктивната игра исто така нуди прекрасна можност децата да развијат суштински вештини за учење и негување вредности од типот на грижа за животната средина. Програмата ќе понуди активности засновани на игра и игри кои стимулираат рано учење преку искуство, како и усвојување на комплексно градиво за животната средина и климатските промени.
02. Искуствено учење и научни центри
Програмата ќе ги обезбеди ресурсите што се неопходни за современо и возбудливо искуствено учење преку формирање научни центри и програми за искуствено учење и во урбани и во рурални средини низ државата. Со оваа активност се цели кон тоа теоретското знаење на училиштето да биде надополнето со практични искуства преку кои децата и младите ќе можат да научат нови работи.
03. Социјални иновации и еко-претприемништво
Програмата ги поддржува младите во решавањето локални еколошки проблеми и стекнување вештини и знаење кои ќе им помогнат да развијат целисходни еко-одговорни бизниси кои ќе ја унапредат еколошката одржливост и ќе создадат локални зелени работни места.
