Skip to main content

425 ЛИЦА ИЗРАЗИЈА ЗАЛОЖБА

Со ставање на својот потпис на оваа заложба, јас се залагам за климатска акција и за поддршка на интеграцијата на образованието за животна средина и климатски промени во образовниот систем. Исто така, се заложувам дека ќе:

  • УЧАМ повеќе за климатските промени ии ќе бидам поангажиран во ова поле,
  • Преземам АКЦИЈА за заштита на животната средина и намалување на емисиите на стакленички гасови,
  • СПОДЕЛАМ и со другите и ќе ги охрабрувам да научат повеќе за темата, да преземат климатска акција и да ја потпишат заложбата.

СО ВАШАТА ЗАЛОЖБА, ВИЕ:

Станувате дел од една заедница која им овозможува на младите да дејствуваат како двигатели на промените за намалување на ранливоста на заедницата во однос на климатските промени и деградацијата на животната средина.
Ќе дадете поддршка на интеграцијата на образованието за климатски промени и животна средина во македонскиот образовен систем.
Ќе бидете постојано информирани и поврзани со организациите што обезбедуваат можности за личен и професионален развој во полето на животната средина и климатските промени.

Заложби од млади

Емрах Јусуфоски

Сметам дека интегрирањето на климатските промени во сите сфери и сегменти на едукативниот систем е од исклучителна важност и значење за сите нас...

„Сметам дека интегрирањето на климатските промени во сите сфери и сегменти на едукативниот систем е од исклучителна важност и значење за сите нас. Всадувањето на грижата за околината и светот кај малите деца коишто сеуште ги немаат испишано првите страници од своите животни книги (мозоци) – е одлично нешто бидејќи зборувањето за оваа тема на што помала возраст има многу поголема вредност и резултат односно позитивен исход. Мене ми е важно бидејќи јас, како и сите останати сакам, заслужувам и имам право на чиста животна средина и подобро здравје! СТОП ЗА ГЛОБАЛНОТО ЗАТОПЛУВАЊЕ!“

Милка Мукаетова

Климатските промени се проблем на денешницата и на иднината. Проблем кој нашата генерација и генерациите после нас ќе треба да го...

Климатските промени се проблем на денешницата и на иднината. Проблем кој нашата генерација и генерациите после нас ќе треба да го решат. За да се најде решение на било кое прашање е важно да се има што повеќе релевантни информации. Вклучување на образованието за климатски промени во образовниот систем ќе ни дозволи да се запознаеме повеќе со проблем и потемелно да размислуваме за решенијата. Што повеќе сме свесни за последиците од нашето однесување толку повеќе ќе може да ги ублажиме последиците од одлуките на нашите претходници. Одлуки кои не биле злонамерни, туку игнорантни.

Мила Дамјановска

Кога бев мала речиси никој не беше едуциран за климатските промени....

Кога бев мала речиси никој не беше едуциран за климатските промени. Не сакам и кај идните генерации да се повтори истата грешка бидејќи само доколку сите заедно делуваме ќе можеме да направиме промена.

Анисија Угриновска

Го поддржувам образованието за животната средина и климатските промени затоа ...

Го поддржувам образованието за животната средина и климатските промени затоа што поддржувам промена на нашите начини за подобро на нашата заедница. Сакам моите соученици и јас континуирано да имаме чиста вода, свеж воздух и незагадена околина – сите основни работи!

Ерјона Азизи

Младите се најранливи од...

Младите се најранливи од загадувањето на животната средина

Матеј Милосиевски

Моментот кога моите пријатели, соученици и врсници ќе разберат дека секое наше дејство има последици по...

Моментот кога моите пријатели, соученици и врсници ќе разберат дека секое наше дејство има последици по Земјата и нашите животи е моментот кога ќе бидам уверен дека образованието за климатски промени е успешно имплементирано.  Дотогаш ќе дадам се од себе за да се случи истото.

Меланија Симовска

Сѐ помалку зеленило, сѐ повеќе суша. Сѐ помалку чист воздух, сѐ повеќе загаденост...

Сѐ помалку зеленило, сѐ повеќе суша. Сѐ помалку чист воздух, сѐ повеќе загаденост. Глобалното затоплување секојдневно се влошува и ни е потребно квалитетно образование за климатските промени со кое ќе ги поттикнеме новите генерации да и помогнат на Земјата да заздрави.

Леа Георгиевска

„Образованието ги отклучува основните врати потребни за борба против климатските промени и науката никогаш не...

„Образованието ги отклучува основните врати потребни за борба против климатските промени и науката никогаш не била толку богата за да одговори на предизвиците што ги имаме. Дури и малите акти, кога ќе се помножат со милиони луѓе, можат да го трансформираат светот“

Сања Апостоловиќ

Образованието за климатски промени е неопходно, бидејќи како дел од оваа генерација ние треба да се едуцираме и посветиме...

Образованието за климатски промени е неопходно, бидејќи како дел од оваа генерација ние треба да се едуцираме и посветиме да го подобриме квалитетот на животот, да ја заштитиме нашата средина и целокупно освестиме дека иднината на светот е во нашите раце. Верувам дека е време да завземеме иницијатива бидејќи во спротивно: „Нашите родители ќе умрат од старост, додека пак нивните деца од климатски промени.

Костанца Билбиловска

Време е да станеме сите свесни за значењето и зачувувањето на планетата Земја уште од мали нозе и сите да дадеме свој придонес за...

Време е да станеме сите свесни за значењето и зачувувањето на планетата Земја уште од мали нозе и сите да дадеме свој придонес за одржување на истата. А ако продолжиме да чекориме по патот на кој сме сега, неизбежно ќе доживееме апокалипса предизвикана од климатските промени. Но, верувам дека сѐ уште имаме шанса да ја спасиме планетата а и сите нас. Тоа го можеме само со рана едукација одговарајќи на прашањата: што всушност значи здрава и чиста средина за сите нас? Како истата да ја сочуваме? Како секој од нас може индивидуално да придонесе за нејзина заштита?! Затоа што сите имаме право на чиста и здрава околина, но и обврска да се грижиме за неа. Само така ќе успееме!“

Заложби од наставници

ООУ,,Тодор Ангелевски" - Битола

Тања Марковска

Образованието е важен елемент во насочување на учениците да размислуваат и делуваат...

„Образованието е важен елемент во насочување на учениците да размислуваат и делуваат за почиста и позелена животна средина, за во иднина кога ќе пораснат да бидат совесни луѓе со висока еко свест и грижливост за нашиот дом планетата Земја.“

ООУ „Кочо Рацин “Куманово

Николина Милевска

Сакам светот да е Кападокија , јас да полетам со еден...

“Сакам светот да е  Кападокија , јас да полетам со еден балон и со свои раце да ги соберам честичките смог, на магичен начин да направам еколошки влог: од бетон и чад да создадам зеленило и лад!“

ООУ Добре Јованоски - Прилеп

Христина Мискоска

„Зачувување, заштита и унапредување на животната средина...

„Зачувување, заштита и унапредување на животната средина и квалитетот на живот на граѓаните, се со цел да се овозможи одржлив раст и развој.“

Извидничкиот одред ,,Компас“ – Битола / ОУ,,Елпида Караманди“- Битола

Илија Василевски

Поддржувам образование за климатски промени и животна средина за...

Поддржувам образование за климатски промени и животна средина за да дизајнираме програма за стекнување на развојни вештини кај децата и младите за правење на разлика што е ЕГО, а што е ЕКО.

СОУ Гимназија „Јосип Броз Тито“ Битола

Соња Живковиќ-Ѓоргиевска

Климатските промени се најсериозните проблеми со кои се соочува нашата планета...

Климатските промени се најсериозните проблеми со кои се соочува нашата планета. Затоа е  потребна итна акција.  Она што го пропуштивме ние, не треба да биде пречка за децата, младите да дадат свој придонес за еколошки напредок. Да им помогнеме!

ООУ Страшо Пинџур, Неготино

Марика Вучкова

Само со поголема масовност и ангажираност...

“Само со поголема масовност и ангажираност може да се очекуваат позитивни резултати.”

ООУ" Гоце Делчев" с. Љубанци

Влатко Котески

Го поддржувам образованието за климатски промени и заштита на животната средина...

„Го поддржувам образованието за климатски промени и заштита на животната средина се со цел за подобрување и поголемо едуцирање на младите за заштита на животната средина а со тоа и за едуцирање кои фактори најмногу влијаат на климатските промени“

ООУ Крсте Петков Мисирков – Радовиш

Татјана Ѓозева

Климатските промени преставуваат најголем проблем на денешницата. Затоа подигнувањето на свеста кај учениците од...

„Климатските промени преставуваат најголем проблем на денешницата. Затоа  подигнувањето на свеста кај учениците од најмала возраст ќе придонесе за одговорно однесување и делување како на локално така и на глобално ниво за зачувување на животната средина и климатските промени. Само со заедничко делување ќе дојдеме до посакуваната цел.“