Skip to main content

Скопје, 16 јули 2021: За првпат во дваесетгодишната традиција на филмскиот фестивал CINEDAYS УНИЦЕФ и партнерите заедно со Младинскиот културен центар подготвија ЕКО програма со поддршка на активности за важноста од заштита на животната средина и одговор на климатските промени. Во рамките на оваа соработка од денес на CINEDAYS започнува прикажувањето филмови на теми поврзани со екологија, проследени со дискусии.

“Сведоци сме на моќта на младите активисти кои бараат да се преземе поголема акција за да се намали уништувањето на животната средина. Дел од филмовите зборува токму за вакви млади активисти и веруваме дека ќе послужат како инспирација младите од земјава да предводат слични национални иницијативи,“ рече Артур Ајвазов, заменик претставник на УНИЦЕФ. “Климатските промени и деградацијата на животната околина најмногу ги погаѓаат децата и младите, но во исто време, токму тие го имаат потенцијалот да станат активни двигатели против штетните ефекти на климатските промени.“

Покрај филмовите на теми поврзани со екологијата, ќе се прикажат и 72 часа ЕКО филм: кратки видеа изработени од млади на возраст од 16 до 20 години на теми поврзани со вода, воздух, отпад, храна, климатски промени и ќе се претстават резултатите од работилницата за изработка на еко ‘chill’ зона инспирирана од филмски сет и направена од млади со користење реупотребени и рециклирани материјали. (Reuse & Repair Chill Corner).

Активностите се дел од поширока иницијатива во рамките на Програмата за унапредување на образование за климатски промени и животна средина (www.climateedu.mk) што ја спроведува УНИЦЕФ со партнерите и со поддршка од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка (СИДА).

Прочитајте повеќе информации со клик тука