Проекцијата на документарниот филм е закажана за 20 август, во Куршумли Ан, во рамки на Македокс филмскиот фестивал. Повеќе информации и резервација на билети на http://makedox.mk/mk/filmovi/jas-sum-greta
Колкумина од нас некогаш отишле на протести како изговор да не одат на часови? Но, колкумина од нас успеале да го привлечат вниманието на светските лидери со неодење на часови?
Приказна за активистката за климатски промени, тинејџерката Грета Тунберг, раскажана преку впечатливи и досега невидени снимки. Почнувајќи од нејзиниот самостоен училишен штрајк пред Шведскиот парламент, камерата го следи подемот на Грета, срамежлива ученичка со Аспергеров синдром, чие влијание се шири насекаде во светот, придружувајќи ја на нејзиното неверојатно патување со едрилица преку Атлантскиот Океан за да зборува на Самитот за климатска акција на Обединетите Нации во Њујорк.
Прикажувањето на филмот „Јас сум Грета“ во режија на Nathan Grossman е поддржано од програмата за животна средина и климатски промени на УНИЦЕФ, која е финансирана од Шведската агенција за меѓународна развојна соработка – Сида.