Skip to main content

AПЛИЦИРАЈ ТУКА ако си млад човек или младинска организација

AПЛИЦИРАЈ ТУКА ако имаш еко-иновација (НВО, фирма, училиште факултет)


Младинскиот самит за климатски промени во Скопје е подготвителен настан за “Младите за климата: предводници на амбицијата“ состанокот во Милано, Италија, кој ги вклучува младите луѓе во преговорите за климатски промени на ниво на Обединетите Нации. Скоро 400 млади луѓе од 197 земји членки на ОН ќе се сретнат во Милано од 28-ми до 30-ти септември за да дизајнираат конкретни предлози до носителите на политики кои ќе бидат присутни на пред-КОП26 настанот во Милано. Овие предлози ќе бидат земени предвид и понатаму на Конференцијата за климатски промени на ОН (COP26) во Глазгов во Ноември 2021 година.

Северна Македонија ќе биде претставена на Младинскиот самит за климатски промени на ОН во Милано, Италија со двајца млади делегати, Анѓела Бушеска и Насер Салиу, кои беа избрани во конкурентен процес од страна на Италијанската и Британската Амбасада во Скопје. За да се осигура дека младинската младина ќе биде вистински претставена во Италија од страна на Ангела и Насер, се дизајнираше процес составен од:

1. Настан: Младински самит за климатски промени во Скопје (10-ти септември, Парк МКЦ)
1.1. Саем за еко-иновации
2. Он-лајн консултации: U-report (30 август – 10 септември)
2.1. Документ: Младинска декларација за климатски промени

 

1. Настан: Младински самит за климатски промени во Скопје

Младинскиот самит за климатски промени во Скопје е закажан за 10-ти септември, со почеток во 09:30 часот во Парк МКЦ.

Агендата на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје ќе ја следи структурата на италијанскиот “Младите за климата: предводници на амбицијата“ настан во Милано која е фокусирана на четири главни теми:

  1. Младите предводници на амбицијата
  2. Одржливо закрепнување
  3. Други актери од различни сектори
  4. Освестено општество

Агендата за Младинскиот самит за климатски промени во Скопје изгледа вака:

Updated_Info Youth Climate Summit_MK

1.1. Саем за еко-иновации

Саемот за еко-иновации е место каде поединци, НВОи, компании, факултети и други субјекти ќе ги презентираат своите иновации коишто се поволни на разни начини за животната средина и климата. Еко-иновација може да биде производ, услуга, дигитална или физичка, коишто помагаат за подигнување на свеста за климатските промени, намалување на емисијата на стакленички гасови, создавање промени преку ангажман за климатските промени и друго. The participation will be confirmed via an open call and MKC is going to provide space, access to electricity and other utilities needed for proper functioning and promotion of the eco-innovations. На настанот ќе бидат вклучени и медиуми, новинари, донатори и инвеститори за да се овозможи промоција и потенцијална идна соработка и развој на иновациите.


2.Процес на консултации со младите луѓе: U-report

U-report алатката на УНИЦЕФ е создадена за младите луѓе да го изразат својот став за прашања кои се од значење за нив. Прашања околу климатските промени и младите преку регистрирање на U-report алаткатаќе даваат одговори на тие прашања и кои ќе бидат вклучени во текстот на младинската декларација за климатски промени. Консултативниот процес ќе започне на 30-ти август и ќе ја достигне својата кулминација на 10-ти септември на Младинскиот самит за климатски промени во Скопје, за да на крај биде збогатен со дискусиите и дебатите од Самитот.

2.1 Документ: Младинска декларација за климатските промени

Декларацијата ќе ги вклучува клучните пораки кои младите луѓе ќе ги застапуваат и ќе им служи како основа за понатамошна акција. Документот ќе ги претставува ставовите на младите луѓе и нивниот глас – со надеж дека што повеќе млади и младински организации ќе се вклучат во процесот на консултација.

По финализирање на текстот, документот ќе биде испратен на релевантните локални, национални и меѓународни институции, организации и медиуми. Многу важно е дека овој документ ќе биде претставен од страна на македонските делегати во Италија, Ангела и Насер, и понатаму на Конференцијата за климатски промени во Глазгов, Обединетото Кралство во Ноември 2021.


Младинскиот самит за климатски промени е иницијатива водена од младите луѓе поддржана од УНИЦЕФ и финансирана од Шведската агенција за меѓународен развој (Сида), и организирана во партнерство со Амбасадата на Италија како еден од домаќините на Младинскиот самит за климатски промени на ОН во Милано, Италија и Амбасадата на Обединетото Кралство, како земја домаќин на Конференцијата за климатски промени на ОН, во Глазгов.

Send this to a friend