Skip to main content
Нашиот долгогодишен партнер во креирање на стратешки документи и политики за климатски промени, Програмата за развој на Обединетите нации, обезбеди финансиска и техничка поддршка во рамките на иницијативата “Ветување за климата” и со сеопфатен консултативен и транспарентен процес осигура подготвка на амбициозни национални придонеси за климатските промени.

Владата го усвои Ревидираниот национален придонес кон Климатскиот договор од Париз, со што како национална цел ја постави амбицијата во 2030 година да се постигне 51% намалување на емисиите на стакленички гасови во однос на емисиите од 1990 година.

Овој стратешки документ претставува нов, поамбициозен придонес кон глобалните напори за намалување на емисиите на стакленички гасови и е фокусиран е на ублажувањето на климатските промени.

„Позитивниот аспект од усвојувањето на овој амбициозен Ревидиран национален придонес е засилен со фактот дека истиот го одредува придонесот на државата во реализација на Зелената агенда на ЕУ и Инвестицискиот План за Западен Балкан на ЕУ и може да служи како инструмент за засилени инвестиции“, истакна министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини

Во поднесокот се вградени резултатите од анализите за потенцијалот за намалување на емисиите на стакленичките гасови при што вкупно се анализирани 63 политики и мерки за ублажување во секторите: енергија (вклучително и снабдување со енергија, резиденцијален сектор, неспецифицирани сектори, индустрија и транспорт), земјоделство, шумарство и друга употреба на земјиште, отпад и дополнителни мерки (овозможувачки мерки на мерките за ублажување).

Прочитајте повеќе овде